12.7 C
Vinica
четврток, март 5, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Денес ќе имаме краткотрајна промена на времето

    Во текот на денешниот ден 5-ти март 2026 четврток во Македонија ќе имаме краткотрајна промена на времето проследена со зголемување на облачноста која на повеќе места кај нас ќе донесе послаби врнежи од дожд а на повисоките планини (над 1500/1600 метри надморска височина) ќе провејува снег. Особено во Повардарието повремено ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец.

    Сето ова е поради краткотраен продор на малку поладен воздух од север и од североисток.

    И во Скопје и околината во текот на денешниот ден ќе има повремени слаби врнежи од дожд а повремено ќе дува засилен ветер од северозападен правец.

    Максималните температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени а во Скопје и околината максималната температура на воздухот во текот на денешниот ден ќе се искачи до околу 15 степени.

    Метео прогноза на Славчо Попоски

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica