18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    YouTube става крај на Stories објавите

    YouTube ја укинува функцијата за објавување Stories, која како и на Instagram, нуди создавање на привремени објави. Корисниците нема да можат да креираат вакви објави од 26 јуни, а постоечките ќе истечат седум дена потоа.

    Stories беше претставен во 2017 година под името Reels и беше достапен за корисниците со над 10.000 претплатници. YouTube Stories исчезнуваат по одредено време, но нудат повеќе можности за креаторите веднаш да споделуваат информации со своите следбеници.

    Сепак, опцијата никогаш не доби значителна популарност, вклучително и поради ограничениот пристап. Од друга страна, повеќето корисници се потпираат на YouTube Shorts видеата и Community Posts.

    Многу платформи го имплементираа форматот на Stories што беше популаризиран од Snapchat. YouTube не е прв што стави крај на ваквата функционалност, како што тоа се случи и со Fleets на Twitter.

    Извор: YouTube

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.