7.6 C
Vinica
вторник, декември 3, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Windows 11 добива функција за присилно затворање на апликациите со десен клик

    Присилното затворање на апликациите првпат можеше да се види во некои рани тест-билдови на Windows 11, но Microsoft конечно потврди дека функцијата пристигнува

    На неодамна одржаната Build 2023 конференција за програмери, Microsoft претстави голем број подобрувања кои доаѓаат во оперативниот систем Windows 11. Оперативниот систем доби вградена поддршка за 7-Zip, RAR и Gz архивите, а доби и функција што е можеби уште позначајна – присилно затворање на апликациите.

    Слично на она што веќе го има macOS, корисниците на Windows 11 наскоро ќе можат принудно да ја напуштат апликацијата директно од лентата со задачи без потреба да го отвораат Task Manager (Ctrl+Alt+Del).

    Microsoft објави и нова тест верзија на Windows 11, која вклучува уште едно taskbar подобрување што луѓето го чекаа. Never combine режимот ви овозможува на оваа лента да го видите секој прозорец на апликацијата поединечно со ознаки. Оваа функција беше изоставена при лансирањето на Windows 11, како и многу други функции кои подоцна се „вратија“ со последователните ажурирања.

    Оваа нова тест верзија ги вклучува и функциите за бекап и враќање на системот за компјутери, што го олеснува враќањето на апликациите, поставките, па дури и лозинките и акредитивите за Wi-Fi мрежите на нов компјутер. Microsoft подобрува и менува некои од своите емотикони за Windows 11 за да ги направи попрепознатливи.

    Сите овие нови функции би треба да пристигнат во следните месеци за сите корисници на оперативниот систем Windows 11, наведува The ​​Verge.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.