8.1 C
Vinica
вторник, февруари 17, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Башкими најавува атак на три бода на мечот со Пелистер

    Екипата на Башкими се подготвува за својот прв настап пред кумановската публика во рамките на пролетниот дел од сезоната, каде ќе ги одмери силите со составот на Пелистер.

    Гостите во овој дуел влегуваат со висока самодоверба по убедливата победа од 4-1 над Работнички, додека домашните, по ремито без голови против Силекс во Кратово, сега ја бараат својата прва пролетна победа. Реџеп Мурати верува во колективната сила на кумановскиот тим, иако е свесен дека пред нив е тежок и непредвидлив предизвик.

    „Нè очекува голем натпревар против Пелистер, но ние сме подготвени да се бориме за секоја топка. Работевме напорно во текот на подготвителниот период и веруваме во силата на нашата група. Со поддршка од нашите верни навивачи, ќе истрчаме на теренот со големо срце и карактер. Нашата цел е кристално јасна: да се бориме до последната секунда и да ги освоиме трите бода“, изјави Мурати.

    Историјата на соочувања меѓу овие два клуба брои вкупно 18 натпревари во сите натпреварувања: 10 победи за екипата на Пелистер, 6 се за екипата на Башкими и две средби завршиле без победник.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica