ОВАА пита со само седум состојки ќе биде достојна замена. Сите ќе ве прашуваат за рецептот за оваа пита.
Кога немате време да ги растегнете корите или не сакате да направите пита од готови кори, оваа со само седум состојки ќе биде достојна замена.
Состојки:
300 г мелено месо
2 главици кромид
13 лажици брашно
3 јајца
1 кесичка прашок за пециво
чаша јогурт (мерката е чаша од 200 мл)
половина чаша масло (мерката е чаша од 200 мл)
сол, бибер, сув билен зачин по желба
Подготовка:
Исчистете го кромидот, исечкајте го, потоа пропржете го во малку масло. Додадете го меленото месо и продолжете да динстате додека месото не побели. Зачинете по вкус и оставете да се олади.
Скршете три јајца во сад, додадете брашно, прашок за пециво, јогурт и масло, потоа додадете го месото и изматете сè со блендер.
Подмачкајте го плехот, посипете го со брашно, истурете ја смесата и печете во загреана рерна на 200 степени околу половина час.
Фото: Принтскрин/novosti