Колач што често го јадевме како деца
Што може да нè врати во детството подобро од добро познатиот вкус на овој колач?
Колачот со јаболка и гриз е лесен за правење и децата го обожаваат.
Потребно е:
4 јајца
полна чаша (од јогурт) гриз
чаша јогурт
50 мл масло
две јаболка
100 г суво грозје
половина прашок за пециво
100 г шеќер
малку цимет
ванилин шеќер
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете гриз со прашок за пециво, масло, рендани јаболка, јогурт, суво грозје и цимет.
Сè измешајте полека, потоа истурете во намастен плех и печете на 200 степени околу 40 минути.
Откако колачот ќе биде готов, наросете го со шеќер во прав.
Фото: Принтскрин/