
Стефан Петановски е гитарист и композитор од Скопје, Македонија. Неговиот стил најдобро може да се опише како спој од различни жанрови меѓу кои рок, метал, џез, фјужн, сепак задржувајќи го модерниот прогресивен звук.
На страна од гитарата, негова голема пасија претставува компонирањето, од каде произлегува основата на неговата инспирација.
Тој е професор во музичкото училиште Enterprise каде предава на отсекот – гитара од 2018 година. Зад себе има неколку албуми и бројни настапи.
Му посакуваме многу здравје, лична среќа и уште многу успешни песни и настапи што ќе ја освојуваат публиката.
The post Денес својот роденден го слави македонскиот музичар Стефан Петановски appeared first on ekran.