2 C
Vinica
понеделник, февруари 23, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Овие два дена променливо време со слаби локални дождови и снегови

    Метео прогноза на Славчо Попоски

    Денес и утре (Понеделник и Вторник 2/3 февруари) во Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а особено денес ќе има услови за локални послаби врнежи од дожд и од снег во пониските места (градовите) и слаби врнежи од снег на повисоките населени места и на планините. Особено во западните предели денес ќе дува западен ветер со слаб до умерен интензитет и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

    Во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Особено утре вторник 3 февруари ќе засилува ветер од југоисточен правец.

    Што се однесува до температурите тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат околу и за неколку степени под нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 денес а утре тие ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени. Во Скопје и околината денес температурата ќе се искачи до околу 6 степени а утре таа ќе биде малку повисока и ќе се искачи до околу 10 степени.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica