8.3 C
Vinica
сабота, март 7, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    НБА тим за првпат после 10 години победи шест во низа, тренерот славеше со акробации (ВИДЕО)

    Шарлот Хорнетс моментално се еден од најдобрите тимови во НБА. Тие се во серија од шест победи, од кои последната ја забележаа дома, против Сан Антонио Спарс со 111:106.

    Со серија каква што ниеден тим во лигата моментално нема, а ја немале од 2016 година, тие се приближуваат до местата што гарантираат настап во плејофот. Моментално, со 22 победи, тие се на 11-то место во Источната конференција, две победи зад посакуваната десетта позиција, која води до плеј-ин. Брендон Милер постигна 26 поени и осум скока за домаќините. Дилан Харпер беше најдобар стрелец на Спарс со 20 поени.

    Видео од прославата на Хорнетс се прошири на интернет по натпреварот. На видеото може да се види како тренерот Чарлс Ли изведува акробации во соблекувалната, а Ламело Бол беше меѓу највеселите.

     

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica