17.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Собранието ги донесе законите за автопатиштата

    По три недели расправа и низа обвинувања од опозициските партии за злоупотреба на процедурите, Собранието ги изгласа петте законски измени поврзани со изградба на автопатите од коридорите 8 и 10д.

    Поддршка дадоа 62 пратеника од власта, а против гласаа пратениците Морачанин и Балковски кои се дел од нивната коалиција, како и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои за разлика од претходното гласање за истите закони, овојпат останаа во сала..

    Договорот со Бехтел и Енка беше во фокусот и на седницата за пратенички прашања кадешто опозицијата побара одговори од премиерот зошто за експертите кои ќе бидат ангажирани на проектот се предвидени плати од над 35 илјади евра.. Според Ковачевски, доказ дека целиот проект е законски била потврдата од амбасадорката на САД Агелер која неодамна изјави дека е транспарентен.

    Петте закони по скратена постапка и европско знаменце ги поднесе Владата, откако првиот обид заврши со амандманска блокада од опозициските партии. Оттаму велат дека со овие законски измени ќе се овозможи ефикасна и брза реализиција на стратешките проекти кои се однесуваат на изградба на патиштата, железничките пруги, гасоводи и други градби од национален интерес.

    Следна фаза пред официјално законите да се објават во Службен весник е потписот од претседателот Пендаровски, кој најави дека ќе донесе одлука откако ќе ги види конечните верзии.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.