Нема ништо подобро од вистински кафеански црн дроб кој е мек како душа одвнатре и совршено испржен однадвор. Тајната е во трикот со кеса и свежиот црвен кромид, кој е подготвен на посебен начин за да ги испушти сите свои сокови.
Состојки:
500 г свински или јунешки црн дроб
1 чаша брашно
2 главички црвен кромид
сол
масло за пржење
Подготовка:
Исечете го црниот дроб на тенки парчиња. Истурете го брашното во чиста кеса, додадете ги парчињата црн дроб и добро протресете за да биде убаво обложено секое парче.
Пржете на загреано масло кратко време од двете страни додека не порумени. Во тоа време, исечете го црвениот кромид на ребра, посолете го добро и изгмечете го со раце за да омекне и да го испушти својот сок.
Извадете го пржениот црн дроб директно врз подготвениот кромид, прелијте го со малку од врелото масло од тавата и нежно сè изедначете.
Пријатно!
Фото: Принтскрин/YouTube