
Собор на Светите Седумдесет aпостоли
Освен Дванаесеттемина големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали апостоли и ги испрати на проповед на Евангелието, и тоа се двајца по двајца пред лицето Свое во секој град и место, говорејќи: „Еве, Јас ве испраќам како јагниња меѓу волци“ (Лука 10, 1 – 5). Но како што еден од Дванаесеттемина, Јуда Искариот, отпадна од Господ така и некои од овие Седумдесетмина отстапија од Бога, но не со намера за предавство туку според човечка немоќ и маловерност (Јован 6, 66). И како што местото на Јуда беше пополнето со друг апостол така и овие места беа пополнети со други избраници. Овие апостоли се трудеа на истото дело како и Дванаесетте големи апостоли и им беа помошници на Дванаесеттемина во ширењето и утврдувањето на Божјата Црква во светот. Претрпеа многу маки и пакости од луѓето и од демоните, но нивната тврда вера и ревносна љубов кон воскреснатиот Господ ги направија победници на светот и наследници на Небесното Царство.
Тропар
Апостоли свети, молете Го милостивиот Бог да ни подари простување на нашите согрешенија.
The post Денес се празнува собор на Светите Седумдесет aпостоли appeared first on ekran.