13.4 C
Vinica
вторник, февруари 24, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Раководството на Реал се кае што не го „избрка“ Чаби Алонсо уште во декември

    Раководството на Реал Мадрид е поделено околу тоа кога беше вистинското време за да се прекине соработката со тренерот Чаби Алонсо, пишува весникот „АС“.

    Според еден извор, дел во раководството на „Лос Бланкос“ претпочитале тоа да се случи во првите денови од декември, додека друга група инсистирала да му се даде доволно време на шпанскиот стратег и да не се избрзува.

    Сепак, по поразот на Реал Мадрид од Албасете со 3-2 во осминафиналето на Купот на кралот, сите признаа дека аргументите за отпуштање на Алонсо на почетокот на декември веројатно биле оправдани. Според раководството на „кралскиот клуб“ идеален момент бил натпреварот против Селта Виго во 15-то коло од шпанското првенство (7 декември), кој „Лос Бланкос“ го загубија со 2-0. Ако тогаш Чаби добиеше отказ, веројатно досега работите во екипата ќе успееле да се средат.

    Весникот пушва дека сега раководството на Реал стравува дека задоцнетиот отказ за Алонсо може да предизвика дополнително прогресирање на играчката криза.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica