3.5 C
Vinica
среда, март 4, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Поради компликации од грип почина 75 годишна жена на Инфективната клиника

    На Клиниката за инфективни болести во Скопје починаала 75 годишна жена, кај која лабораториски бил потврден грип од типот А, соопшти директорот на Клиниката, Фадил Цана. Ова е прв смртен случај поврзан со грип од почетокот на годинава.

    Пациентката имала коморбидитети и не била вакцинирана против сезонски грип.

    Директорот Цана соопшти дека во моментов со симптоми на грип на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти, од кои дел се на кислородна поддршка, а двајца пациенти се на респираторна поддршка, интубирани на одделот за интензивно лекување.

    „Очекувам прегледите во амбулантите драстично да се зголеми кон крајот на јануари и на почетокот на идниот, кога се очекува и врвот на грипот“, рече тој.

    Meта веќе пишуваше дека нагло е зголемен бројот на заболени лица од грип и болести слични на грип во првата недела од новата година. Во текот на првата недела од 2026 година, регистрирани беа вкупно 1.725 случаи, што е 2,2 пати повеќе во споредба со претходната недела.

    Според бројките на ИЈЗ, децата се најпогодени од грип и болестите слични на грип.

    „Најголема инциденца е регистрирана кај децата на возраст од 5 до 14 години, каде таа изнесува 287,7 случаи на 100.000 жители. Од вкупниот број заболени, 749 лица се на возраст од 15 до 64 години, 618 се деца од 5 до 14 години, 229 се деца од 0 до 4 години, а 129 се лица над 65 години“, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica