8 C
Vinica
четврток, февруари 12, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Расте бројот на заболени од грип, регистрирана средна активност на национално ниво

    Во првата недела од 2026 година во земјава се регистрирани 1.725 случаи на грип и заболувања слични на грип, што е повеќе од двојно зголемување во споредба со претходната недела, соопшти Институтот за јавно здравје.

    Со ова, за првпат сезонава е евидентирана средна активност на грипот на национално ниво. Најмногу заболени има во Скопје, Тетово, Куманово и Велес, а највисока инциденца е забележана кај децата на возраст од 5 до 14 години.

    Лабораториските анализи покажуваат дека доминира вирусот Influenza A(H3). Досега не се регистрирани починати лица од грип.

    Од ИЈЗ предупредуваат дека во наредниот период се очекува дополнителен раст на бројот на заболени и апелираат на почитување на превентивните мерки и навремена здравствена заштита.

    Од почетокот на сезоната 2025/2026, заклучно со првата недела од 2026 година, вкупно се пријавени 3.825 случаи на грип и заболувања слични на грип, што е за 2,8 пати повеќе од истиот период лани.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica