4.7 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Што се случува во Лацио: Тренерот не го знае најновото засилување вредно 13 милиони евра!

    Ете и тоа го има во фудбалот и тоа во еден така голем клуб како што е Лацио. Клубот од Рим го доведе Србинот Петар Ратков од Салцбург, ама проблемот е во тоа што тренерот Маурицио Сари не го знае, а за него се платени 13 милиони евра.
    „Не го познавам Ратков, па не знам што да кажам. Ќе го запознаам и ќе ги искористам неговите квалитети и силни страни. Клубот го запозна подобро од мене.“ посочи Сари.
    Заклучокот е дека клубот може да направи многу во зимскиот преоден рок што би го подобрило остатокот од сезоната.
    „На почетокот на сезоната реков дека ќе останам по секоја цена и покрај ситуацијата. Се случија уште повеќе работи отколку што очекував и ми е жал само за навивачите на Лацио на кои им го дадов зборот. Преодниот рок сè уште не е завршен, клубот може да направи многу работи“, подвлече искусниот Италијанец.

    На се ова првиот човек на клубот Клаудио Лотити истакна дека тренерот и не мора да го познава новиот играч, затоа служи скаутинг службата на Лацио.

    Неверојатно.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica