-0.4 C
Vinica
недела, ноември 24, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Просветните работници утре излегуваат на протест

    Синдикатот бара да не се спроведува реформата според која дел од предметите се спојуваат и да се почитува колективниот договор за образование.

    „НЕ за спојување на наставните предмети. ДА за почитување на колективните договори“, е мотото на утрешниот протеест на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) на кој ќе го искаже незадоволството од состојбите во образованието и остварувањето на правата на просветните работници.

    Синдикатот бара да не се спроведува реформата според која дел од предметите се спојуваат и да се почитува колективниот договор за образование.

    – Незадоволни сме од најавите за спојување на повеќе наставни предмети  (Географија, Историја, Хемија, Физика, Биологија, Граѓанско образование, Етика, Информатика, Техничко образование). Ваква појава може да предизвика губење на дел од работните места, а истовремено го погазува професионалниот интегритет на работниците – велат од синдикатот.

    Просветните работници, велат од синдикатот се незадоволни и од непочитувањето на колективните договори во секторот образование.

    – Во моментов најниската плата за најнизок степен на сложеност изнесува 12.000 денари (НЕТО), а сведоци сме дека минималната плата во државата изнесува 20.175 денари (НЕТО). Министерството за образование и наука нема слух ниту волја да ги почитува законите, а паралелно на сето тоа, сведоци сме како јавните функционери ЕКСПРЕСНО ја спроведоа одлуката на уставниот суд и добија покачување за 78%. За јавниоте функционери законот е закон и тој мора да се почитува, а за просветните работници не важат истите правила – велат од Синдикатот.

    Протестот ќе започне во 12 часот од Жена парк (спроти Собрание на Р.М.)и ќе заврши пред зградата на Министерството за образование и наука каде што ќе се одржи прес-конференција на која  ќе ја запознаат јавноста за проблемите со кои се соочуваат просветните работници.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.