5.8 C
Vinica
сабота, март 14, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Ривалите на Португалија може да ја тужат ФИФА поради благата казна на Роналдо!

    Место најмалку три меча, ФИФА го суспендира Кристијано Роналдо на само еден меч, па така португалската мега – ѕвезда ќе може да настапи уште на стартот на СП кое се одржува во Северна Америка од 11 јуни до 19 јули следната година.

    Но со ова ФИФА самата си направи проблеми. Имено откако ќе се дознаат ривалите на Португалија во групната фаза, а ждрепката е на 5 декември (петок), тие може да ја тужат ФИФА. Јасно е дека засега нема назнаки за такво нешто, но останува прво да видиме кои ќе бидат противниците на Португалија па после да го видиме нивниот потег.

    Како што се наведува во медиумите во таа земја, но и во останатиот дел од Европа, ривалите на Португалија можат да бараат правда пред Арбитражниот суд во Швајцарија.

    Факт е дека не е исто да играш против Португаллија со Кристијано Роналдо во составот или без него.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica