Вчера 20 ноември 2025 година нѐ напушти една прекрасна душа со посебна харизма на чија насмевка никој не остануваше рамнодушен – Небахат Бади Бекир — македонска пејачка на народна музика.
Таа живееше и работеше во Скопје. Првите чекори на сцената ги прави во детските денови како член на играорна група изучувајќи го во исто време и македонскиот и турскиот фолклор.
Како дебитант на музичката сцена се појавува во 1985 година на фестивал на забавни мелодии. Паралелно пее на турски, албански и македонски јазик.
Најплоден период на нејзината кариера е за време на големите југословенски турнеи. По распадот на Југославија и се посветува на македонската фолк песна. Следат настапи на македонските фестивали, соработка со бројни автори и турнеја во австралија во 2002 година.
Во 2004 година станува една од Грациите. Во 2006 година прославува 20 години постоење на естрадата.