8.6 C
Vinica
петок, ноември 28, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Започна аплицирањето за електронски ваучери за студенти

    Од денеска започна аплицирањето за електронски ваучери за студенти преку националниот портал за е-услуги, сооштуваат во Министерството за дигитална трансформација.

    „Сите студенти може да аплицираат најдоцна до 20 декември, а реализацијата на ваучерите, односно подигањето на уредите, може да се изврши до 31 декември“, информираат во министерството.

    За студентите кои се веќе во евиденцијата на Министерството за образовнание и наука, се најавуваат на uslugi.gov.mk и ја поднесуваат апликацијата за услугата „Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за студенти за набавка на електронски уреди“. Во процесот на аплицирање не е потребно прикачување документи. По успешно поднесување, системот генерира документ – Вредносен ваучер. Со добиениот ваучер, документ за идентификација и потпишување на Изјава за искористен ваучер (во продажниот салон на економскиот оператор), студентот може да го подигне електронскиот уред од избраниот економски оператор, најдоцна до 31 декември.

    Ако студентите при аплицирањето видат дека не се во евиденцијата на МОН, тие ќе добијат известување и линк кон посебната услуга: „Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за набавка на електронски уред за студенти кои не се во евиденција на МОН“, каде што треба да продолжат со апликацијата до 20 декември.

    „Во овој случај, студентот е должен да прикачи потврда за редовен/вонреден студент, издадена од високобразовната установа во која е запишан. По успешно комплетирање на апликацијата, системот генерира Вредносен ваучер. Со ваучерот, документ за идентификација и потпишана Изјава за искористен ваучер, студентот може да го подигне електронскиот уред од избраниот економски оператор најдоцна до 31 декември“, информираат во министерството.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica