4.6 C
Vinica
понеделник, декември 30, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Антикорупциска детално го чешла Договорот со „Бектел и Енка“

    Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ го добивме и сме во фаза на негова анализа. Поброен тим ќе работиме на овој предмет, а веќе им се поделени задачите на советниците, изјави денеска претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

    Таа повтори дека имаат неколку советници од кои дел се вклучени во делот за јавни набавки, за работни односи, некој е вклучен како истражител, а некој прави анализа на законите што треба да се донесат.

    -Се е опфатено што е поврзано со овој предмет, верувајте бара малку повеќе работа и анализа, и ние сакаме што побрзо да завршиме и да си кажеме. Не можам да кажам точно датум кога ќе биде заради тоа што е неблагодарно да се кажува, ќе речете кажавте, а не сте завршиле, работиме на тоа со полна пареа. Веднаш штом биде се готово ќе излеземе и ќе кажеме, рече Ивановска, која учествуваше на предавање во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“ на ДКСК во основното училиште „Братство” во Скопје.

    ДКСК отвори предмет за  проектот за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д за којшто е потпишан Договор со „Бехтел и Енка“ по објавите во медиумите околу постапката на изборот на фирмите за надзор, а предмет по допрен глас отвори и Јавното обвинителство.

    По официјализирањето на примената на Договорот, во тек се подготвотелни активности за претстојните градежни работи на терен. За реализацијата на Договорот во собраниска процедура се измени на пет закони по скратена постапка, а нивното означување со европско знаменце е предмет на дебата и критики од опозицијата.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.