7.8 C
Vinica
понеделник, февруари 23, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Млади во Србија пешачат кон Нови Сад за да одбележат една година од падот на настрешницата во кој загинаа 16 луѓе

    Илјадници претежно млади луѓе во Србија започнаа дводневен марш од Белград со цел да се приклучат на голем собир во Нови Сад овој викенд, со кој ќе се одбележи годишнината од смртоносната катастрофа на железничката станица. Падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад уби 16 лица на 1 ноември минатата година, а трагедијата предизвика протестно движење предводено од млади против автократскиот претседател Александар Вучиќ, пишува агенцијата АП.

    Граѓаните веруваат дека жртвите настрадаа затоа што заради корупција е направена лоша реконструкцијата на станицата и бараат одговорност за несреќата. Тие бараат и предвремени парламентарни избори на кои, се надеваат дека ќе биде заменета владата на Вучиќ. Студентите предводат огромна поворка луѓе кои тргнаа на 90-километарско патување до Нови Сад, каде што утре се очекуваат десетици илјади луѓе и се зголемува притисокот врз Вучиќ.

    Агенцијата додава дека различни групи студенти веќе две недели од сите страни пешачат низ Србија кон Нови Сад и дека сите вечерва пристигнуваат во тој град. Жителите на Белград вчера излегоа од своите куќи за да ги поздрават демонстрантите додека минуваа.

    Властите приведоа десетици студенти и други демонстранти во последните месеци во обид да го задушат отпорот, а полицијата е обвинета за бруталност врз демонстрантите, вклучително и тепања и произволни притворања.

    Иако 13 лица се обвинети за несреќата што се случи во Нови Сад пред една година, сè уште не е закажан датумот на судењето и постои сомнж дека постапката ќе расплетка мрежа од корупција на највисоко ниво, за која критичарите веруваат дека довела до фатална небрежност и непочитување на правилата за безбедност во градежништвото за време на реконструкцијата на зградата на железничката станица.

    Според АП, Вучиќ ги нарекол студентите-демонстранти терористи поддржани од Западот без да достави докази, додека владејачката Српска напредна партија организирала контра-митинзи, што ги заострило политичките тензии.

    АП, исто така, наведува дека Србија се обидува да влезе во ЕУ, но процесот на пристапување е во застој бидејќи Вучиќ има блиски односи со Русија и Кина, а е обвинет за потиснување на демократските слободи.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica