6.4 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Огромен циклонски облак од Џенова и се приближува на Македонија

    Од Џенова кон нашата Македонија надоаѓа огромен циклонски облачен систем кој ни носи голема промена на времето проследена со обилни врнежи од дожд, бурен јужен и југозападен ветер (до 90 км/час) локална појава на грмежи и локално силно невреме особено изразено во западните предели од нашата Македонија.

    Локално особено во западните предели до понеделник претпладне ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен дожд). Врнежи од дожд и засилен до силен ветер од јужен и од југозападен правец со овој бран ќе има и во Скопје и околината.

    Од вторник температурите позначително ќе опаднат и тоа поради продор на поладен воздух од север и ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.

    Апелирам поради очекуваниот бурен ветер, граѓаните навремено да ги заштитат своите автомобили, односно истите да не ги ставаат во близина на дрвјата особено оние дрвја кои што се стари и осамени.

    Метео прогноза на Славчо Попоски

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica