Рано утрово по полноќ, во 00.10 часот, на ул.„Коста Шахов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје.
Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во подрумски простории од куќа сопственост на Л.Т.(62) од Скопје, при што одзел повеќе предмети.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.