6.4 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Критиките не стивнуваат: „Овие двајца фудбалери не можат да играат заедно во Ливерпул“

    Проблемите со одбраната на Ливерпул продолжија и за време на поразот од Манчестер Јунајтед. На „Црвените“ навистина им беше потребна реакција по трите последователни порази пред репрезентативнaта пауза, но тоа не само што не се случи, туку и се продлабочи.

    Лошата комуникација и недостатокот на организација беа клучните теми во текот на целиот натпревар, при што Арне Слот очигледно не знае(ше) како да ги реши. Поранешниот играч на Ливерпул, Стивен Ворнок, во анализата на мечот, вели дека проблемите кои драстично ја отежнуваат играта на ливерпул можат да им се препишат само на двајца играчи, што укажува на фактот дека тие не можат (не знаат) да играат заедно.

    „Односот меѓу Керкез и Ван Дајк на оваа лева страна не функционира“, изјави Ворнок.

    „Недостасува комуникација и топката премногу пати бега по страна. Повторно, премногу лесно е да се стигне до нив. Премногу се ранливи на губење на поседот на топката. Милош Керкез треба да биде тргнат од првиот тим, иако не е само вината на Керкез за овие дефанзивни проблеми, но тој сигурно не прави ништо за да ја подобри ситуацијата“, вели поранешниот фудбалер на „црвените“.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica