12.8 C
Vinica
петок, март 13, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Талески: Вардар е инспирација за секого, но најмногу за нас!

    Во новото, шесто, вонредно коло во домашниот ПФМЛ шампионат, тимот на Вардар заминува на тешко, и пред се неизвесно гостување кај новиот прволигаш Арсими. „Црвено – црните“ поради специфичната ситуација во Скопје, одработија мини подготовки во Охрид. Избраниците на тренерот Гоце Седлоски имаат императив на победа и три бода пред себе затоа што со игрите и резултатите во изминатиот период самите си го наметнаа тоа. Едноставно, победа е единствената опција за Вардар.

    „Да, денеска нема да биде лесно. А каде е лесно? Секаде каде што гостува Вардар, противникот е максимално мотивиран, сака да освои бодови. Тоа не е случајно. Вардар е инспирација за секого, но најмногу за нас, оние кои што го носиме неговиот дрес. Секако дека опција е победа и три бода. До неа ќе се стигне исклучиво со пристап на највисоко ниво, 100% влегување во мечот од првата минута, и концентрација до последниот свиреж. Сигурен сум дека противнико би ја искористил секако наша грешка доколку му ја дозволиме. Против Македониј ЃП во изминатото коло на домашен терен одигравме тежок меч. Е овој ќе буде уште потежок. Арсими има добар старт на шампионатот. Но, ние сме Вардар и самото тоа кажува многу за нас“ – вели Давор Талески, голманот на „црвено – црните“

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica