2.7 C
Vinica
сабота, февруари 21, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Детали за големиот пожар во фабриката ,,Мак Прогрес” – Виница

    Денес, во 18:40 часот, во Центарот за управување со кризи преку бројот Е-112 е добиена пријава за пожар во фабриката за кандирани производи и вафли „Винчини“ во Виница.

    Пожарот избувнал во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8 на фабриката.

    На терен веднаш излегле екипите на ТППЕ Виница со неколку противпожарни возила и пожарникари.

    До градоначалникот на Виница е дадена насока да побара дополнителна поддршка и помош од соседните општини.

    Веќе се вклучени ТППЕ Кочани и ДПД Кочани со сите свои капацитети и ресурси, а поддршка е побарана и од Општина Македонска Каменица и Штип. Доколку биде потребно, ќе се ангажираат сили и од други општини.

    Со оглед на тоа дека станува збор за специфичен урбан пожар, неопходно е ангажирање исклучиво на професионални пожарникари.

    Мухамед Али

    Директор на ЦУК

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica