4.7 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Денес времето ќе биде стабилно, топло и сончево

    Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, денес (5 септември петок) и за време на викендот времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Наутро ќе биде посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 18 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 34 степени.

    Во Скопје и околината денес (петок 5 септември) како и за време на викендот времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Наутро ќе биде посвежо со минимална температура која ќе се спушта во интервалот помеѓу 13 и 15 степени. Максималната дневна температура на воздухот пак ќе се искачува до околу 32 степени.

    Уживајте во летните температури и во сонцето овој викенд.

    Метео прогноза на Славчо Попоски

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica