4.7 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    ЦУК: Еден активен пожар, пет се под контрола

    Заклучно со 8:30 часот утринава, на територијата на државава е евидентиран еден активен пожар, додека пет се ставени под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Активен е пожарот во Кавадарци, во близина на Тиквешкото Езеро, каде што гори нискостеблеста шума и трева.

    Како што посочуваат од ЦУК, под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод во Повеќенаменското подрачје Јасен каде гори мешана шума, во Општина Гевгелија на планината Кожуф каде има приземен пожар, во Општина Желино во село Мерово каде гори мешана шума и во село Церово каде гори ниска вегетација и мешана шума, како и во Општина Долнени во село Долгаец каде гори мешана шума.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica