4.4 C
Vinica
сабота, декември 21, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Aдријана Лима фотографирана додека вежба во тесни хеланки и без шминкa

    Никој не тренира колку неа за да се ослободи од килограмите по породувањето, но сепак на познатиот модел тоа тешко ѝ поаѓа „од рака“.

    Адријана Лима била забележана во Њујорк пред теретана како вежбала напорно за што побрзо да ги намали килограмите кои ги добила за време на третата бременост. Додека после првите две породувања за кратко време се вратила во топ форма, овојпат не е така.

    Манекенката речиси една година се обидувала да си го врати телото во нормала, но тоа воопшто не ѝ успевало. „Ме „уништи“ породувањето. Секој ден е нова борба и секој ден се потсетувам како морам да го прифатам моето ново тело, но и да направам сè за да го доведам во ред својот изглед. Чувствувам дека сум во транзиција и затоа тренирам напорно секој ден и се мачам, но исто така и учам нови работи за себе и моето тело во четириесеттите. И тоа е во ред бидејќи телото различно реагира на промените на различни возрасти“, неодамна изјавила Адријана Лима.

    И додека сите очекувале манекенката да се појави на Канскиот филмски фестивал, таа била фотографирана во Њујорк како вежба по боксерски патики, тесни црни хеланки и дуксер. Под црните хеланки јасно се оцртувале нозете на познатата манекенка, додека таа насмеана се трудела да вежба што посилно.

    Постојат 6 начини да се ослободите од вишокот килограми откако ќе станете мајка:

    Без стрес

    Бидете нежни со себе, не очекувајте чудо од вашето тело. Нешто што се менува 9 месеци, не може за неколку дена да се врати во старата форма.

    Без диета

    Диетата никогаш не треба да биде вашата опција по породувањето. На вашето тело му треба време да закрепне, потребна му е сила. Затоа вашиот избор нека биде здрава и квалитетна храна.

    Пијте многу вода

    Вода, без сокови, кафе или други пијалоци. Сè што ви треба е голема количина на вода која ќе ви помогне да создадете доволно млеко, кое ќе го хидрира вашето тело и ќе ви даде енергија.

    Движете се

    Ако сте во можност, вратете се на тренинг, но дури и пешачењето со бебето во количка ќе има ефект како и теретаната. Движењето со бебе топи многу калории.

    Наспијте се

    Одвојте време да спиете колку што можете повеќе. Најдобро ќе изгубите тежина ако телото е одморено.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.