Деновите минуваат, а младата пејачка Антониа Гиговска расте и се подготвува за иднината и улогата на мајка.
Сето тоа и носи предности но и значајни промени од нејзината комфорна зона.
Токму поради тоа, таа веќе не е активна со нејзината музичка кариера, но постојано е присутна во медиумите поради љубопитноста на нејзините обожаватели и изненадувањата кои им ги приредуваа, споделувајќи и откривајќи им дел од интимните моменти за време на бременоста.
Таа на нејзините кратки Инстаграм приказни обожава да провоцира со нејзиното тело, а случај беше и овој пат кога храбро се качи на високи потпетици во третиот триместар од бременоста и се пофали дека издржала „машки“:
„Долго време без високи потпетици, но издржав машки…“ – стоеше на нејзината објава по повод роденденот на „Убавина и здравје“.
Пејачката на настанот се облече во шарено и плетено мини фустанче и јакна, а сето тоа го комплетираше со високите потпетици на врзување во црна боја.
Антониа што и да направи, остава впечаток дека е пресреќна за приновата бидејќи постојано споделува фотографии во контекст на нејзината бременост, а неодамна го откри и полот на бебето, па на фановите им соопшти дека очекува син.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска