17 C
Vinica
понеделник, април 28, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребната миса за папата Франциск

    Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребната миса посветена на Неговата светост, папата Франциск, која се одржа пред околу 200.000 верници, религиозни лидери, претставници на кралски семејства, шефови на држави, премиери и делегации од целиот свет.

    Во телеграма до Ватикан, претседателката изрази длабока жалост и искрено сочувство за смртта на папата Франциск, нагласувајќи ја неговата инспиративна личност како хармонија на зборови и дела, како и неговата заложба за мир, хуманост, меѓурелигиски дијалог и помирување.

    Погребната церемонија, водена од кардиналот Џовани Батиста Ре, беше исполнета со емоции, аплаузи и солзи, додека присутните го испраќаа саканиот папа во неговиот вечен дом – базиликата Санта Марија Маџоре. За разлика од неговите претходници кои почиваат во криптата на базиликата Свети Петар, папата Франциск уште за време на животот изразил желба да биде погребан во Санта Марија Маџоре, базилика во која во 2015 година беше поставена и плоча на македонски јазик во чест на Светите браќа Кирил и Методиј.

    Минатата година, Сиљановска-Давкова имаше аудиенција кај папата Франциск, настан што го оцени како незаборавен, истакнувајќи ја неговата почит кон македонската традиција на толеранција и улогата на религијата во развојот на општествената хармонија.

    Папата Франциск беше првиот поглавар на Римокатоличката црква што ја посетил Северна Македонија. За време на историската посета во 2019 година, тој истакна дека „Македонија е портата преку која христијанството влезе во Европа, бидејќи жителите на македонското тло се првите Европејци на кои апостолот Павле им го пренел Христовото учење“.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica