17 C
Vinica
понеделник, април 28, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    СДСМ обвинува за притисоци врз нивните градоначалници пред изборите

    СДСМ обвини дека институциите под контрола на актуелната власт вршат координиран притисок врз нивните градоначалници непосредно пред локалните избори. Во соопштение до јавноста, партијата истакнува дека сите можни инспекции, сектори под контрола на МВР, инспекторати и други институции се ангажирани за да вршат контроли исклучиво во општините предводени од градоначалници на СДСМ.

    Според СДСМ, притисокот оди чекор подалеку, па се врши и врз членовите на потесните семејства на градоначалниците преку незаконски прераспределби од работното место надвор од нивните места на живеење.

    „Овој притисок е селективен и тенденциозен, насочен исклучиво кон општините на СДСМ, додека во општините под контрола на ДПМНЕ нема никакви контроли“, наведуваат од партијата.

    Од СДСМ велат дека целта на ваквото дејствување е да се заплашат актуелните градоначалници и да се опструира нивната работа непосредно пред изборите. Според нив, ова е класичен пример за злоупотреба на државните институции во партиски цели.

    „Ова не е само напад врз избраните градоначалници, туку и напад врз демократијата и врз основните принципи на владеење на правото“, нагласуваат од СДСМ.

    Партијата најави дека ќе ги искористи сите механизми на домашен и меѓународен план за да го заштити интегритетот на своите градоначалници и нивното право да работат без притисок и закани.

    „Власта треба да знае дека со злоупотреба на институциите и со притисоци не може ниту да не замолчи ниту да не заплаши“, порачуваат од СДСМ, повикувајќи ги надлежните тела и меѓународната заедница внимателно да го следат процесот и да застанат во одбрана на демократските стандарди во земјата.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica