13.6 C
Vinica
петок, април 18, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Ѕвоне Бобан се враќа во Динамо!

    Вистинска “бомба“ лансираат медиумите во Хрватска. Имено се најавува враќање на Ѕвонимир Бобан во Динамо и тоа на раководна функција. Се пренесува дека има неколку опции за тоа на која позиоција тој би бил во Динамо, но најверојатно на местото претседател на управата на клубот на која што е сега Ѕвонимир Маненица, кој би му го отстапил своето место на хрватската легенда а тој би се занимавал со финансиите.

    Нема потреба да се трошат зборови кој е Бобан. Вистинска фудбалска легенда на Динамо Загреб и Хрватска. Тој беше предводникот на “коцкестите“ на СП 1998 година кога во Франција беа трети. Бобан беше еден од главните на СП во Чиле 1987 за јуниори кога Југославија беше светски првак.

    Во последно време, тој беше дел од раководството на Милан, но на неславен начин го напушти својот омилен клуб од Милано, а од 2021 е еден од раководните лица во УЕФА.

    Се чини дека Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе добијат и тоа како големо име за прв човек.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica