7.8 C
Vinica
недела, април 13, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Нов концесионер на „Македонско село“ е „Ла Тераца“

    Комплексот „Македонско село“ добива нов концесионер – фирмата „Ла Тераца“, објави „360 степени“.  Во изјава за овој медиум, директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) вели дека понудата на „Ла Тераца“ била најповолна на вториот конкурс.

    Томовски додава дека согласно договорот, сè што ќе се инвестира ќе остане во сопственост на државата и оти на последниот конкурс се пријавиле две компании.

    Концесионерот има обврска да ги преземе сите потребни активности за оспособување на комплексот за почеток со работа од 1 јуни годинава.

    „После години на затворање и уништување на сè што претставува културно наследство, идентитет и историја – конечно започнуваме ново поглавје“, соопштија вчера од Службата за општи и заеднички работи.

    „Македонско село“ не функционира речиси седум години, откако претходните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби. Од СОЗР додаваат дека редовно ги исплаќале трошоците за осигурување и обезбедување, со што велат дека имало финансиски загуби од над 300.000 евра.

    Комплексот „Македонско село“ се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези. Се состои од 12 автентични куќи со простории каде се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторански дел.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica