18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Нашиот кикбоксер Лука Змејкоски стана балкански шампион

    Виничката гордост петнаесетгодишниот Лука Змејкоски, член на кикбокс клубот „Лидер“, стана балкански шампион кај помладите јуниори во категоријата лоу-кик над 81 килограми.

    На Балканското кикбокс првенство, што викендов се одржа во црногорскиот главен град Подгорица, во финалната борба против домашниот кикбоксер Кривокапиќ, Змејкоски избори убедлива победа од 3:0 со што го освои златниот медал и го постигна еден од најголемите успеси во својата досегашна спортска кариера.

    Добар настап меѓу кикбоксерите од Балканот имаа и другите двајца членови од виничкиот клуб. Во јуниорска конкуренција во категоријата кик-лајт до 74 килограми Борис Митревски го освои второто место и сребрениот медал. Нина Колева во истата конкуренција кај девојчињата, во категоријата кик-лајт над 70 килограми, беше третопласирана и се закити со бронзен медал.

    Членовите на КБК „Лидер“ беа дел од македонската спортска делегација во која имаше вкупно 36 натпреварувачи.

    На првенството во Црна Гора настапија вкупно 211 кикбоксери од девет балкански држави.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.