3 C
Vinica
сабота, декември 21, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    „Одлучувам, значи постојам“ беше мотото на конференција во Кисела Вода

    Претставници од Општина Виница, делегација составена од локална самоуправа, педагози, социолози и ученици, вчера присуствуваа на локалната конференција која се реализираше во Кисела Вода под мотото „Одлучувам, значи постојам“.
    Целта на конференцијата е како да се зајакнат капацитетите на индивидуално и институцијално ниво во контекст на унапредување на детските права преку вклучување на децата во процесот на одлучување .
    Младите и децата имаат носечка улога како во општеството така и во нашата општина, токму затоа Општина Виница секогаш е подготвена да ги отвори вратите во однос на секоја тема поврзана со децата, а пред се, да им овозможиме колку е можно поквалитетно образование, подобри услови во училиштата, повеќе зелени површини и чиста околина.
    На конференцијата од Општина Виницаи присуствуваа: Горица Спасова – директор и одделенски наставник ООУ „Гоце Делчев“ Виница (тим лидер) , Александар Јованов – советник во Општина Виница ( заменик тим лидер ), Милка Стаменкова – директор и воспитувач во детска градинка „ Гоце Делчев “ Виница, Никола Спирковски – ученик во СОУ „Ванчо Прке“ Виница , Кристијан Мијалчов – ученик во СОУ „Ванчо Прке“ Виница, Сашка Дончева – Центар за социјална работа Виниц, Петрунка Илиева – социјален работник во ООУ „ Славчо Стојменски“ Виница, Весна Тодорова – педагог во ООУ „Кочо Рацин“ село Блатец Виница.
    Конференцијата беше отворена со поздравен говор од страна на Драги Змијанац, ко-основач и претседател на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Кристина Василеска-директор на КМОП Скопје кои аудиториумот го запознаа со досегашните и идните активности со цел да се придонесе за развивање на Концептот ,,Општини посветении на децата”.
    Претставникот на општина Виница, г-дин Александар Јованов советник во општината, говореше за можноста за унапредување на меѓуопштинската соработка преку размена на идеи, реализација на заеднички проекти и меѓусекторско вмрежување во насока на создавање општини по мерка на децата.
    Проектот е поддржан од Европската унија.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.