18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    ФРЧАТ ОСТАВКИ,РАСПАД СИСТЕМ ВО СДСМ

    По историски најлошиот пораз на СДСМ, паѓаат оставки. Откако оставка си поднесе Фатмир Битиќи по него и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ.

    „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам оставка од мојата партиска функција, потпретседател на СДСМ“, информира Костадинов на социјалните мрежи.

    Ккао што вели, најважни се слободата, мирот и напредокот на Македонија.

    „Граѓаните, денес гласаа на демократски избори, и на слободен начин ја изразија сопствената волја.

    Како држава, можеме да продолжиме напред само преку заедништво и добронамерност. Потребни ни се внатрешни и надворешни партнерства, силни институции и интеграција на земјата во ЕУ. Сонот за подобар живот дома, е на сите нас.

    СДСМ ќе се реформира, затоа што му е неопходна на општеството. Како државотворна партија која секогаш ја негува демократијата, ја гарантира слободата на граѓаните и никогаш не поттикнува меѓуетнички судири, како столбови на нашиот опстој“, напиша Костадинов.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.