Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори и победата на нивната кандидатка Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори, додавајќи дека се радува на идната заедничка соработка.
Им честитаме на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска-Давкова за заслужената и историска победа на денешните претседателски и парламентарни избори во Македонија. Со нетрпение очекувам да работиме заедно за да дадеме нов поттик на процесот на пристапување на Македонија до ЕУ!“, напиша Орбан на социјалната мрежа Х.