Започна реконструкцијата на дел од водоводната мрежа.
Реконструкцијата на водоводната мрежа односно замена на азбест-цементни со полиетилентски цевки со висок квалитет се реализира во Ромската населба во градот Виница, на дел од ул. „Иво Лола Рибар“ до спојот со ул. „Маршал Тито“ со вкупна должина од 270 метри со работен пресек Ф-225 мм.
Едновремено ќе се изврши и преспојување на постоечките (реконструирани) водоводни линии со ново реконструираната.
Оваа водоводна линија е дел од потисниот цевковод од бунарите со пумпна станица до постоечки стар резервоар (Ромски рид).