4.4 C
Vinica
сабота, декември 21, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Се очекува да се зголеми интензитетот на откупот на тутунот

    Досега се откупени над 9.000 тони тутун по просечна цена од 330 денари за килограм. Тоа е нешто повеќе од половината откупена реколта. Полека се интензивира откупот во пелагонискиот регион и очекуваме така да биде во наредниот период. Тоа е впечатокот од денешната контрола на теренот и на откупните пунктови во Пелагониско. Посебен стимул сметам дека е одлуката на откупувачот „Пашоски“ кој од денеска ги зголеми цените на 365 денари за килограм. Освен тоа, откупувачот нагласува дека ќе им се доплати до оваа цена на сите што досега го донеле родот за откуп.

    Во моментов, другите девет откупни фирми тутунот го преземаат по цена од 330 денари за килограм.

    Според Инспекторатот, досега нема пријавено неправилности во откупот на тутунот кој официјално трае до крајот на февруари. Ланската реколта која сега се откупува се проценува на 13 000 до 15 000 тони тутун.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.