Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков заедно со секретарот Гоце Алексов и членовите на Советот на Општина Виница, се во дводневна работна посета на збратимената Општина Орхангази, Бурса, Р.Турција.
Во текот на вчерашниот ден тие остварија средби со градоначалникот на Општина Орхангази, г-дин Бекир Ајдин,г-дин Камил Ѓулсевер – претседател на Здружението за култура и солидарност на Румелиските имигранти Орхангази и неговите членови.
Видното гостопримство и желбата да се запознаваме, пренесуваме и да ја одржуваме богатата културна традиција, со која имаме многу заеднички карактеристики, дава повод соработката и пренесувањето на културните мозаици да продолжи во иднина да се движи во нагорна насока.