На 15 декември, во Општина Струмица во кабинетот на градоначалникот Костадин Костадинов, се потпиша Маморандум за соработка помеѓу Организацијата на резервни офицери на Република Северна Македонија и Општина Струмица. Меморандумите ги потпишаа градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов и претседателот на Организацијата д-р Гоце Георгиев. На чинот на потпишување на Меморандумот присуствуваше и гостинот на ОРОРСМ, адмиралот Џузепе Филипо Имбалзано, член на претседателството на Организацијата на резервнои офицери на Република Италија, поранешен претседател и член на претседателството на ГАМИНГЕР ИНИЦИЈАТИВАТА на ЕВРОПА и поранешен претседател на Меѓусојузничката конфедерација на резервни офицери на земјите членки на НАТО. Исто така на овој настан присуствуваа и претставникот на ООЕ Струмица во Собранието на ОРОРСМ, Пецо Фончев и членовите на Извршниот одбор на ООЕ Струмица, Манољ Манолев и Митко Ташев.