18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Морант се врати после 25 натпревари и режираше мајсторија за победа, Кари ги испрати Селтикси на спиење

    Поради своите неприфатливи излети со огнено оружје во јавноста, Џа Морант доби жестока казна од НБА лигата и паузираше 25 натпревари, но талентот и квалитетот кој го поседува направија долгото неиграње воопшто да не се почувствува.

    Главната ѕвезда на Мемфис се врати да им помогне на своите соиграчи и беше клучен уште на првиот меч, бидејќи неговите поени со звукот на сирената донесоа победа за Гризлис.

    Со тоа беше комплетиран неверојатниот пресврт на гостинскиот тим, кој во втората четвртина губеше со 24 разлика од Њу Орлеанс, а на крајот успеа да се избори за триумф од 113:115.

    Џа Морант со последната мајсторија стигна до 34 поени на натпреварот и се израмни со Инграм, кој пак беше најдобар од противничкиот табор на Њу Орлеанс.

    Од останатите НБА натпревари, убедливо највозбудливо и најнеизвесно беше во „Чејс центарот“, каде Голден Стејт по продолженија успеа да го урне Бостон (132:126).

    Стеф Кари традиционално е посебно расположен кога игра против Селтикси, па главната ѕвезда на „воините“ и утрово дојде до израз и ги прати гостите на спиење со фантастична тројка во последните секунди од продолжението, со која стигна до учинок од 33 поени.

     


    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.