17.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Утрово грозоморно убиство во Кочани – Жена убиена со четириесетина убоди со нож (фото)

    Утринава на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани се случи убиство.  Со повеќе убоди со нож смртно настрада жена. Според првичните неофицијални информации, жителите од околните куќи околу 6: 15 часот биле вознемирени од силни викотници. На улицата се случувала страшна тргедија, маж кој признал вина на несреќната жена и нанел 41 убод со нож, при што од задобиените повреди починала на самото место. Потоа, го оставил безживотното тело за што сведочат фотографиите што ги доби Радио Кочани.

    Осомничениот без да се обиде да бега, ги сочекал полициските службеници, кои му ставиле лисици.

    Од официјалниот билтен на СВР Штип, Денеска (25.09.2023) во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У.Р.(59) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 06.15 часот, по претходна расправија пред домот во кој престојувала, со остар предмет и нанел убодни рани на Т.М.(46) од Кочани, која починала на местото на настанот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани, а увид извршиле екипа на ОВР Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција. По целосно документирање на случајот против У.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
    НАЧАЛНИК НА СВР ШТИП
    БОБИ ГИДИОСКИ

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.