-0.4 C
Vinica
недела, ноември 24, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Стерјовски: Каде и да живееме во Албанија ќе се изјасниме како Македонци!

    Бугарската агресивна кампања, посебно пред пописот, нема да не поколеба и повеќе од убеден сум дека каде и да живееме во Албанија ќе се изјасниме она што сме – Македонци.

    Каде и да живееме во Албанија ќе се изјасниме како Македонци. По низата реакции дека се води засилена бугарска пропаганда во пресрет на пописот на населението во Албанија поради посетата на бугарската потпретседателка Јотова и претседателот на единствената македонска партија таму, Васил Стерјовски за изјава за албанскиот сервис на Еуроњуз вели дека кампањата од бугарска странa преку нудење на бугарски пасоши нема да ги поколеба Македонците да се откажат од македонската националност. Потврдува дека „бугарски пасош“ се нудат и дека тоа е моментот е профитабилен бизнис во Албанија, како и дека Македонците можат да го добијат за поефтини пари од Албанците.

    „За бугарски пасош припадник на македонската заедница може да плати пет илјади евра, додека Албанците плаќаат по 25 илјади евра. Тоа е профитабилен бизнис во Албанија, поисплатлив дури и од одгледувањето марихуана. Македонците, што добиле бугарски пасош, а се малку по број, никогаш не се откажале од македонската националност. Бугарската агресивна кампања, посебно пред пописот, нема да не поколеба и повеќе од убеден сум дека каде и да живееме во Албанија ќе се изјасниме она што сме – Македонци. Ние тука сме староседелци, не сме дошле од друго место и затоа не можеме да бидеме Бугари“, изјави – Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ (Euronews Albania).

    Стерјовски открива дека во последните години во Пустец, Врбник, Голо Брдо и Гора, области населени претежно со македонско население се вршела агресивна кампања за асимилација на Македонците, која се засилила во пресрет на пописот кој започнува утре. Но, во досегашните 11 спореведени процеси на попишување на населението во Албанија, како што тврди Стерјовски ниту едено лице не се изјаснило како Бугарин.

    Пописот во соседна Албанија стартува утре и ќе трае шест недели.. Токму во пресрет на процесот на пребројување бугарската потпретседателка Јотова заедно со бугарски универзитетски професори и академици отпатува во Албанија се сретна со жителите на Голо Брдо, а вчера го означи стартот на новата учебна година во бугарско неделно училиште во Елбасан.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.