9.2 C
Vinica
вторник, декември 3, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (ВИДЕО) Рај на демначите: Оваа веб-страна може да ја најде секоја ваша слика на интернет

    Нема сомнеж дека светот на технологијата напредува со неверојатна брзина, која секако ја вклучува и вештачката интелигенција.

    Сепак, некои од резултатите се прилично застрашувачки. Некои чет-ботови се обидуваат да добијат пристап до нуклеарните кодови, додека други ги убедуваат луѓето дека треба да раскинат со своите партнери.

    Еден човек дури успеал да генерира копија со вештачка интелигенција од сопствениот глас и покажал како може да се искористи за упад во банкарска сметка со само најосновните лични податоци. Потоа, се разбира, постои загриженост на многумина за тоа какви работни места вештачката интелигенција може да ги украде од луѓето.

    Згора на тоа, сега постои PimEyes, платформа за пребарување слики која користи вештачка интелигенција, а луѓето пишуваат дека тоа е „најморничавата веб-страница на Интернет“.

    „Сон на секој демнат“

    Основната функција е што ја прикачувате вашата (или туѓа) фотографија на страницата и таа бара на интернет сите други ваши слики што се онлајн, така што теоретски можете да ги видите сите места на интернет каде што постојат вашите слики.

    Некои мислат дека тоа би можело да биде одлична алатка за пребарување слики на интернет, додека други велат дека тоа е страница „соништата на секој демнат“. Новинар на Униленд направи краток тест. Тој ја искористи бесплатната верзија и слика од себе снимена со компјутерска камера, а страницата прикажа осум слики за три секунди.

    Првите две беа негови слики, но останатите шест беа слики на други луѓе кои личеа на него. За плаќање, страницата може да изврши многу подетално пребарување, поради што некои луѓе ја опишаа како корисна алатка.

    Коментарите на корисниците се поделени

    Коментарите од луѓето на Интернет се поделени. Едно лице рече дека страницата е вознемирувачка, но и вредна затоа што го нашла лицето кое ги користело нејзините слики без согласност.

    Некој друг рече дека поставил слика од себе како деветгодишно дете и страницата правилно ги идентификувала сликите од него како возрасен. Тој посочи дека тоа може да биде многу корисно за пријавите за исчезнати деца.

    Меѓутоа, луѓето открија дека оваа технологија функционира и обратно. Друго лице рече дека неодамна поставило слика од себе, а PimEyes ја препознала неговата слика на интернет уште кога имал 10 години.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.