Бразилска манекенка и инфлуенсерка тврди дека со операција повторно станала девица- За мојата невиност ми нудат 500 илјади долари.
22 годишната бразилска инфлуенсерка Јулија Медеирос тврди дека платила повеќе од 9.000 долари за операција за „повторно да стане девица“.
Атрактивната Јулија се прослави по овие изјави, но и по својата неверојатна сличност со ријалити ѕвездата Кајли Џенер. Инфлуенсерката признала дека еден обожавател и понудил огромна сума пари за да се согласи да има секс со него.
Посветениот фан започна со „мала“ понуда од 10.000 долари, а таа сума само растеше од ден на ден до „200 илјади долари? Колку сакаш?“, напиша тој во една порака.
Сепак, таа откри дека не сака да го прави тоа само поради парите.
– Невиноста ја изгубив кога имав 17 години. Бев измамена и се покајав. Беше постар, ми вети брак, деца и дом. Откако го доби тоа што го сакаше од мене, си замина. Сега барам врска во која ќе се чувствувам сакана и во која ќе ја сакам таа личност – открил Медеирос.
Бразилката тврди дека ова не е првпат да и се нудат пари на ваков начин.
– Не е прв пат. Бидејќи имав реконструкција на хименот, луѓето почнаа да ми даваат многу високи понуди. Никогаш не би прифатила. Нема ни најмала можност, тоа ќе го направам само поради љубов, само кога ќе ја најдам вистинската личност. Нема пари на овој свет со кои може да се купи мојата невиност. Јас сум супер романтична – признала таа.