14.3 C
Vinica
среда, мај 13, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Најавен мирен протест пред Националната опера и балет на отворањето на Мајските оперски вечери: Повик за одбрана на Колективниот договор за култура

    Синдикатот на културата (СКРМ) упати повик до своето членство и јавноста за мирен протестен собир кој ќе се одржи на денот на отворањето на Мајските оперски вечери, пред Националната опера и балет.

    Протестот, како што се наведува во соопштението на СКРМ, ќе се одржи на платото пред институцијата, во време кога публиката ќе пристигнува на свеченото отворање на фестивалот.

    Во повикот се нагласува дека, според нив, овие права се доведени во прашање, поради што се организира собирот.

    Од СКРМ порачуваат дека културните настани кои публиката ги гледа на сцена се резултат на долгогодишен труд, знаење и посветеност на уметниците и културните работници, додавајќи дека „зад секој аплауз стои човечки живот, но зад завесата мора да стојат права“.

    Протестот е најавен како мирен и достоинствен, со присуство и транспаренти, со цел да се упати порака за зачувување на Колективниот договор за култура, вреднување на трудот на уметниците и почитување на нивното достоинство и професија.

    Собирот е закажан за 9 мај 2026 година, во 19:20 часот, пред Националната опера и балет во Скопје.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica