14.1 C
Vinica
четврток, април 30, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Искусете ја магијата на Преспа преку несекојдневни и автентични доживувања – програма за одржлив туризам и културна креативност

    Здружението Икуалити, во партнерство со Здружението „Иднина на традицијата“ од Ресен, го најавува 12-месечниот проект „Магијата на Преспа“ – прва интегрирана програма во регионот која обединува одржлив туризам, културно-уметничко изразување и социјална инклузија, со цел развој на нови туристички содржини, негување на природните и културните вредности на Преспа, подобрување на животниот стандард на локалното население и привлекување нови туристи, промовирајќи го Преспанскиот регион како препознатлива и автентична дестинација што ги поврзува природата, културата и луѓето.

    Проектот има за цел промоција на Преспа како простор на традиција, креативност, активен живот и еднакви можности и вклучува две работилници посветени на културното наследство на Преспанскиот регион и изработка на рачни творби со примена на техниката „бакрорез“. Дополнително, ќе се реализираат и две арт-терапевтски работилници, кои преку различни уметнички техники и инспирација од природните ресурси ќе придонесат за ментална благосостојба и креативен развој.

    Проектот е дел од програмата #EuforPrespa, поддржана од Delegation of the European Union to North Macedonia, a реализирана од УНДП во партнерство со другите вклучени страни.

    Во рамки на проектните активности, веќе е отворен повикот за учество на првата работилница за бакрорез, која ќе се одржи на 16 мај 2026 година во Ресен, како и на првата арт-терапевтска работилница, предвидена за 4 јули 2026 година во Ресен. Повиците и дополнителни информации околу проектот се достапни на: Магијата на Преспа – повици за учество

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica